Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со посебен прстен, па шокираа со признанието: Пиевме крв еден од друг
Една од најубавите жени во светот, актерката Меган Фокс (35) и музичарот Машин Ган Кели (31) се свршија во романтичен амбиент по година и пол врска.
Атрактивната црнокоса, по која многумина воздивнуваат, на социјалните мрежи објави интимно видео на кое се гледа како музичарот ја запросува, а таа се согласува.
Актерката под објавата напиша опширен опис во кој истакна дека свршувачката ја прославиле со „пиење крв еден од друг“.
На видеото што го објавија се гледа како Кели клечи на едно колено пред Меган, додека таа зачудено го гледа. Набргу потоа и таа клекна на колена, потврдно кимна со главата, а тој ѝ стави веренички прстен на раката.
- Во јули 2020 година седевме под ова дрво. Баравме магија. Бевме свесни за болката со која ќе се соочиме во толку краток, избезумен временски период - започна таа во описот под објавата.
- Несвесни за работата и жртвите што ги бараше од нас, се опивме од љубов. И карма. Година и пол откако заедно минавме низ пеколот и се смеевме повеќе отколку што мислев дека е можно, тој ме праша дали сакам да се омажам за него. И како и во секој живот и пред овој, и во секој што следи, му реков „да“ – напиша Меган, па доде:
- А потоа си ја испивме крвта.
Машине Ган Кели на својот Инстаграм профил објави видео од прстенот со кој ја запроси актерката.
-Ја доведов под истите гранки каде што се заљубивме и прашав дали ќе се омажи за мене. Знам дека е традиционално да се има еден прстен, но го дизајнирав овој со помош на Стивен Вебстер да биде како два. Смарагдот (нејзиниот роден камен) и дијамантот (мојот роден камен) се поставени на две магнетни ленти кои се поврзуваат како две половини и создаваат една душа и срце што ја претставува нашата љубов - напиша Ган Кели.
извор:Telegraf.rs