Вака изгледа вистинско женско тело: Скарлет Јохансон во бикини - еве зошто жените ѝ аплаудираат (ФОТО)

Вака навистина изгледа женското тело!

Американската пејачка и актерка Селена Гомез пред неколку дена најави „враќање на вистинските стомаци“ и гордо ја покажа својата фигура, а сега гледаме дека не е единствената што решила гордо да покаже како изгледа вистинска жена!

Актерката Скарлет Јохансон (37) пред неколку дена уживаше на плажата Хемптонс со сопругот Колин Џост, а папараците не го пропуштија моментот кога холивудската ѕвезда се соблече во бикини.

Ѕвездата на едни од најголемите блокбастери изминатите години, за летувањето избра црвен костим за капење составен од класичен горен и долен дел, заедно со едноставна бела капа и црни очила за сонце.

фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Скарлет, која пред една година го роди своето второ дете, синот Косма Јост, ја покажа својата линија, а многумина забележаа дека актерката изгледа беспрекорно и дека очигледно не пати да има тело како на насловните страници.

фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Имено, актерката во таа прилика покажа дека кога седнува има порелаксиран стомак и кожа, како речиси секој друг човек на планетава, а нејзината фигура изгледа сосема реално.

фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

За разлика од многу познати убавици кои не' поздравуваат од Инстаграм со нивните совршени тела кои делуваат недостижно, Скарлет изгледа како уште една жена која можете да ја сретнете на улица.

фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

„Скарлет изгледа толку здраво и убаво“, „Колку е освежувачко кога некој изгледа нормално, без ужасно тесен струк правен во Фотошоп“, „Ова е здраво женско тело“, „Леле, дали е тоа славна личност облечена во бикини кое не е два броја помало?“, „Ова е секси жена која достоинствено ќе остари“... се дел од коментарите.

фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Инаку, Скарлет е мајка на две деца, со поранешниот сопруг Роман Дуриак ја има ќерката Роуз.

извор:GLOSSY