,

Се породи актерката Скарлет Јохансон (36): Нејзиниот сопруг, комичарот Колин го откри и името на бебето

фото:profimedia

Скарлет и нејзиниот сопруг Колин ја криеа бременоста до раѓањето на детето,кога вчера тој потврди дека имаат син и го откри името на бебето. Јохансон од претходниот брак има постара ќерка, ова е второ дете за неа.

Познатата актерка Скарлет Јохансон (36) роди син, потврди нејзиниот сопруг, комичарот Колин Јост (39).

Тоа е нивното прво заедничко дете.

- Добро, добро, добивме бебе. Неговото име е Козмо. Веќе многу го сакаме-напиша Јост во објава на Инстаграм и додаде дека ќе ја ценат приватноста.

View this post on Instagram

A post shared by Colin Jost (@colinjost)


Тоа е второ дете на Скарлет, 6-годишната ќерка Роуз ја има со поранешниот сопруг новинар Ромен Дауријак (39) , додека синот Козмо за Јост е прво дете.

Извор за Page Six на почетокот на јули дојави дека Скарлет е бремена и многумина беа убедени дека актерката затоа не го промовираше својот нов филм „Црна вдовица“ во кој ја игра главната улога. Јохансон ги спроведе сите интервјуа пред филмот преку Зум и онлајн видеа, но беше снимена само од рамената нагоре.

Јост и Јохансон ја криеја и својата венчавка, која се одржа во октомври минатата година. Тие се верија една година пред да го кажат судбоносното да, и започнаа врска од 2017 година.

извор:24sata.hr