Интимна свадба со чин за почит: Се омажи Скарлет Јохансон

Она ​​што го направи парот на посебниот ден е за почит.

Убавата актерка Скарлет Јохансон (35) се венча на интимна церемонија со американскиот комичар Колин Џост (38), на која присуствуваа само најблиските членови на семејството и пријателите.

Добрата вест беше објавена на социјалните мрежи на хуманитарната организација „Оброци на точак (Meals on Wheels)“, каде се наведува дека парот се венчал на интимна церемонија на која присуствувале само најблиските членови на семејството и пријателите.

А во соопштението беше нагласено дека брачниот пар им порачува на обожавателите кои ја слават својата венчавка да го сторат тоа со донирање пари во хуманитарни цели.

- Нивната желба на венчавката беше да им помогнат на старите лица во ова тешко време - пишува во споменатата страница, пропратено со линк за донации.

Инаку, Скарлет беше во брак со Рајан Рејнолдс од 2008 до 2011 година и од 2014 до 2017 година со новинарот Роман Дауриак, со кого ја има ќерката Роуз Дороти (6).

Фотографии од Скарлет и Колин, инаку тие се во врска од мај 2017 година, а минатата година се верија: