Скарлет Јохансон наскоро по втор пат ќе стане мајка: 36-годишната актерка е пресреќна, бременоста ја чуваат во тајност

Тајноста за бременоста на актерката не изненадува со оглед на фактот дека таа и нејзиниот партнер и се венчаа тајно. 

Скарлет се омажи за Колин Џост, кон крајот на минатата година, по тригодишна врска на интимна церемонија на која беа поканети само семејството и најблиските пријатели.

Веста дека Скарлет Јохансон (36) е бремена започна да се шпекулира откако прескокна да присуствува на неколку промоции на филмот „Црна вдовица“, пишува Page Six.

- Таа не била веќе на многу интервјуа и забави, што е многу чудно бидејќи покрај тоа што глуми во филмот, таа е и извршен продуцент - изјави еден извор.

Наместо тоа, таа се појави преку Зум, а на „Tonight Show“ кај Џими Фалон, целото нејзино торзо не се гледаше во кадарот, туку се снимаше само од рамената нагоре. Но, таа и Колин се пресреќни, изјави извор за „Пејџ Сикс“, а уште еден потврди за американските медиуми: „Наскоро ќе се породи, но навистина се обидува тоа да го стори тајно.“

Извор од Хемптонс, каде актерката нормално ги поминува летните денови, изјави дека таа е особено таинствена оваа година. „Обично во текот на летото можеме да ја видиме како шета кучиња и пие кафе, но оваа година се чини дека се крие“, рече тој.

Да потсетиме, актерката од првиот брак има ќерка Роуз (6). Таа се омажи за Колин Џоста (39) во тајност, на интимна церемонија.

извор:24sata.hr
фото:profimedia