Вака изгледам без шминка, а кога ќе се скоцкам буквално се претварам во холивудска дива: 24 милиони луѓе во шок

Познатата британска шминкерка и Тиктокерка Џордан Лејн неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста, барем онаа која активно ги користи социјалните мрежи, а сето тоа поради неверојатната трансформација која ја постигнува само со шминка!

Џордан, која инаку е трансродова личност, редовно споделува видеа на кои се гледа колку поинаку изгледа пред и по шминкањето, а само едно од нив стана исклучително популарно - прегледано е повеќе од 24 милиони пати!

На видеото оваа интернет ѕвезда најпрво се појавува со неуредна, опуштена пунџа и без трошка шминка, за момент подоцна да покаже како изгледа во полн сјај, односно тип-топ скоцкана.



Инфлуенсерката до таа мера ја искористила моќта на шминката што успеала дури и да ја сокрие брадата, а нејзината промена предизвика бурни реакции на мрежите.

„Ова е епско видео“, „Жено, ти си најголемата измама на Интернет“, „Не можам да верувам што гледаат моите очи“, „Одбивам да верувам дека ова е истата личност“, „Боже, јас не верувам“, се само дел од коментарите


Фото и Видео: ТикТок