Вакцините на АстраЗенека и Фајзер: Несаканите ефекти вклучуваат главоболка, замор, дијареја, треска, артралгија...

Добивај вести на Viber

Студијата е објавена во списанието „Лансет заразни болести“ и покажа дека 25,4 проценти од вакцинираните пријавиле лесни несакани ефекти.

Имено, податоците од 627.383 корисници на британската апликација за следење на симптомите на ковид покажуваат дека секое четврто лице има благи несакани ефекти по приемот на вакцините АстраЗенека и Фајзер.

Апликацијата ZOE kovid служи за следење на пандемијата во Велика Британија. Студијата, заснована на податоци собрани со употреба на апликацијата, покажа дека главоболка, замор и треска се почести по вакцината АстраЗенека, во споредба со вакцината на Фајзер.

Несакани ефекти вклучуваат главоболка, замор, дијареја, треска, артралгија (болка во зглобовите), мијалгија (болка во мускулите) и гадење.

Исто така, пријавени се и болки во рацете, оток, нежност, црвенило, чешање, топлина на местото на инјектирање, како и отечени жлезди.