Ваква торта од кајсии се правеше само во Југославија: Цела куќа мирисаше на ова слатко задоволство
Вкусно, лесно, брзо...
Потребни
состојки:
За кората:
3 јајца
1 шолја (за чај) масло
1 шолја (за чај) јогурт
1 шолја (за чај) шеќер
3 шолји (за чај) брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 кг кајсии
Начин на подготовка:
Јајцата и шеќерот се матат убаво, па се додава јогуртот, маслото и брашното измешано со пециво. Половина од масата префрлете ја во плех и печете 10 минути на 200 C.
Во меѓувреме подгответе ги кајсиите - измијте ги и пресечете ги на половина.
Врз полупеченото тесто наредете ги исечените кајсии.
Одозгора прелијте го остатокот од тестото и продолжете со печењето уште 30 минути, но намалете ја температурата на 180 С.
Испечениот колач изладете го, па посипете го со шеќер во прав. Се сече на коцки, и се дегустира.
БонАпетит!
Фото: Printscreen/youtube/Jelajelena Petrovic/фреепик
Извор: еспресо
Лесен рецепт за освежувачко фрапе од јагоди: Идеален летен оброк за сите генерации