ВАЗЕЛИН ЗА ЛИЦЕ НАМЕСТО СКАП КРЕМ: Пробајте ја техниката што секоја вечер ја користат жените со совршена кожа

Добивај вести на Viber

Трендовите во негата на кожа често се менуваат. Или се појавуваат нови или повторно се враќаат старите, докажаните производи и стануваат омилен дел од нашата рутина. И затоа сега е вистинско време вазелинот да се врати на голема врата и да стане последниот чекор во нашата вечерна рутина за нега на лице.

„Slugging“ е употребата на вазелин или балсами базирани на вазелин како последен чекор во вашата вечерна рутина за нега на кожата. Кога се нанесува на кожата по чистење и хидратација, ќе ја „запечати“ влагата и ќе ја подобри апсорпцијата на активните состојки на серумот и кремот.

Вазелинот е бело или жолтеникаво желе кое се состои од сложени јаглеводороди. Сам по себе не се грижи за кожата и не ја хидрира. Вазелинот создава еден вид бариера на кожата и ја штити од влијанија на околината и го спречува испарувањето на влагата (трансепидермалната загуба на вода се намалува за 99%).

Значи, „slugging“ е создавање на еден вид на „стаклена градина" за кожата. Под него се создава средина во која кожата може да се опорави. Секоја штета со таква грижа побрзо ќе зарасне, а освен тоа, вазелинот има и антимикробни својства.

Важно е да се запамети дека во овој случај, количината не е еднаква на квалитетот. Дебелиот слој вазелин на лицето нема да го подобри ефектот, туку само ќе остави мрсни дамки на перницата. За да го видите ефектот следното утро, треба да нанесете малку вазелин на лицето, со големина колку зрно грашок.

Извор: zena.blic.rs