Важеше за голема ѕвезда во бивша Југославија: Денес живее како потстанар со мачки

Бејби Дол е пејачка добро позната на овие простори, која со својот поинаков изглед и песни, секако остави неизбришлива трага на музичката сцена. Но, таа сега целосно се повлече од таа сецена и денес живее сосема поинаков живот.

Самата пејачка отворено зборуваше за животните проблеми, а до пред неколку години живееше и како потстанар во трошна куќа во Врачар- Белград, од која наводно сопственикот ја избркал, бидејќи не ги плаќала долговите.

Како што и самата еднаш рече, парите не и се од големо значење, но призна дека денес има многу помалку во споредба со времето кога беше на врвот на својата кариера.

- Здравјето и мирот се најважни. Само сакам да имам мирен и убав живот без напнатост и назадување. Не посакувам никому да му наштетам. А што се однесува до парите, тие доаѓаат и си одат. Порано имав повеќе, но ми треба малку и додека сум здрава, фала му на Бога секогаш ќе заработувам за да имам за основни потреби - рече Беби.

Некое време заработи како учесник во реални шоуа, кога зборуваше за живот со неколку мачки за кои се грижи заедно со нејзиниот сопруг.

Извор: 24 седам