ВАЖНО: Др. Грујичиќ објасни дали пациентите заболени од канцер треба да примат вакцина против ковид-19
Д-р Даница Грујичиќ објасни од што зависи
Професорката Даница Грујичиќ, директор на Институтот за онкологија и радиологија на Србија, за РТС посочува дека пациентите од онкологија кои се на зрачење треба да се консултираат со избраните лекари за вакцината против ковид-19.
Даница Грујичиќ, како гостин во Дневникот на РТС, рече дека сите пациенти од онкологија кои победиле било какво малигно заболување или сега се во мирна фаза, можат слободно да примат каква било вакцина против ковид-19.
- Оние кои примаат терапија или чекаат на операција, треба да разговараат со нивниот онколог дали да се вакцинираат сега затоа што ова се специфични случаи и секој од нив е за себе. Како што мисли лекарот што ги води, а тие треба да го направат тоа - истакна лекарката.
Таа посочи дека оние пациенти кои примаат хемотерапија имаат послаб имунитет, кој опаѓа, па давањето вакцина може да биде „истрел во празно“.
Директорката на Институтот во Србија, спомена дека оние кои прележале ковид-19 треба да им допуштат прво да се вакцинираат оние кои немале вирус или имале, но развиле малку антитела. Таа рече дека, според податоците што ги има, антителата траат од шест до осум месеци.
- Очекувам да изгубам антитела во март и да ја примам вакцината тогаш - рече Грујичиќ.
Фото: Youtube/screenshoot/NOVA S
Можеби ќе ве интересира:
Др. Грујичиќ објасни: Зошто младите, кои немаат други болести, умираат од ковид-19?Др. Грујичиќ за најголемиот пандемиски мит: Не е точно дека ковид-19 помалку ги напаѓа пушачите