Вечерва почнува „Баскерфест“
Вечерва од 19 часот, на Градскиот плоштад во Скопје започнува 13. по ред фестивал на улични изведувачи, „Баскерфест 2018.“
Од 12 до 17 јуни, градскиот плоштад „Македонија“, ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер бендови.
За најмладите ќе има и детска едукативна работилница „Киндер Парк“, едукативно катче за животни, како и неколку интеркативни игри.
Во состав на „Баскерфест“ ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници, „Арт’Н’Крафт“. За фудбалските фанови, по повод престојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер. Фестивалот, традиционално е под покровителство на Град Скопје.