Култура // Настани
Вечерва се отвара ноќниот клуб „Аква парк“ во Пробиштип
Вечерва, (четврток) во Пробиштип се отвара нов ноќен клуб, "Nightclub Aqua Park“, кој е во состав на Аква паркот во Прбиштип.
„ Пробиштипскиот ноќен живот добива нова димензија со отворањето на ноќниот клуб. Ова е совршеното место за сите оние на кои што веќе им здодеале вообичаените вечерни излегувања“, велат организаторите. Забвата продолжува и утревечер на истото место со настап на „Фидбек бенд“. Влезот во клубот ќе чини 50 денари.Во сабота, се организира латино забава со „Латин инструментал бенд“, а влезот исто така чини 50 денари.
„Аква парк Македонија“ во Пробиштип ќе ја започне новата летна сезона на 6 јуни. Покрај тобоганите и базените, најавени се многу денски и ноќни забави за сите возрасти, како и претходните години.