Веге тава рецепт
Готвењето е страст. Една од моите . Навистина многу го сакам и посветувам многу време на содржини поврзани со кулинарство. Честопати нашите оброци знаат да бидат без никаков рецепт. Едноставно е. Вадите неколку состојки од фрижидер и ручекот е готов. Така и денешниов рецепт е лесен и едноставен, што би рекле од „никаде“. А и моите Инстаграм следбеници се изјаснија дека би сакале рецепт. Многу сум им благодарна за своето време и секој „лајк“ на моите постови.
Потребни состојки:
2 Домати поголеми (излупени)
1 тиквица (150 гр)
250 гр. Шампињони (свежи)
2 јајца (М)
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 лажичка мајчина душица
150мл. Бело вино
1 Младо кромитче
Сол и бибер
Не почнувајте без лук и мајчина душица. Верувајте зачините го даваат оној неодолив шмек на храната, она што ве предизвикува да го јадете повторно.
Во тавче ставете малку маслиново и продинстајте го кромидот. Додадете ги излупените домати насечкани на поситно, шампињоните и мајчината душица, продинстајте уште некоја минута потоа додадете ја тиквицата,изрендана и процедена и 2те чешниња лук,продинстајте уште 2-3 минути и налејте вино.
Кога виното ќе испари, тргнете го варивото на едната страна од тавата и додадете ги двете јајца (на око). Во оваа тава бидејќи е мермерна, не лепи воопшто не се додава масло туку на самата пареа јајцата се готват покриени една минута. Потоа ја тргате тавата и ја оставате уште една минута покриена.
Ручекот е спремен. Доколку пиете вино, послужете се со една чаша. Добар апетит.
Со овој рецепт може многу да се експериментира. Пред крај додадете си моцарела,а може и сварена паста. Одлучете вие .
За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ