ВЕЌЕ НЕ БАРААТ ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА ВО ГЕРМАНИЈА: Промена и на условите за работниците од Балканот
На Германија и недостасува квалификувана работна сила, поради што планот е да се доселат дури 400.000 работници од странство.
Во Германија има два милиони слободни работни места. Владата сака да привлече квалификувани луѓе од странство, па затоа претстави нов закон за имиграција на квалификувана работна сила.
На Германија и недостасува професионална работна сила во областа на грижата, информатичката технологија, но и добри занаетчии и логистичари. Според Федералната агенција за вработување, 400.000 специјалисти мора да се преселат во Германија годишно и мора да останат таму за да го одржат пазарот на трудот стабилен. А во 2021 година ги имало само 40.000. Кога т.н бејби бумовите родени во 1960-тите се пензионираат, проблемот ќе се интензивира.