Велигденска погача

Добивај вести на Viber

Вкусна, мирисна и мека велигденска погача. Надополнета со ароматични и крцкави лешничиња. Оваа е долгнавеста а може да ја направите и кружна како ѓевречињата. Идеална за сечија трпеза.

Состојки:

400 гр. Пекареко Жито Лукс брашно

50 гр. Путер

50 гр. Шеќер (бел, кафен, кокосов)

1 јајце

7 гр. Сув квасец (1 ќесичка)

200 мл. Млеко

100 гр. Сирови лешници

Прстофат сол


Во сад каде што ќе ја замесите просејте го брашното, направете дупка и истурете го квасецот. Во сад на шпорет растопете го путерот потоа додадете го шеќерот и варете 5 мин на тивко. Тргнете го од оган и додадете го млекото на собна температура. Промешајте убаво и оставете да се излади, да стане млако. Додадете го јајцето изматете да се соедини и на крај истурете ја смесата во брашното. Со виљушка соединете ги течните и суви состојки и замесете еластично нелепливо тесто. Доколку има потреба додека месите додадете уште малку брашно. Оставете го тестото да мирува 1 час. Откако ќе нарасне поделете го на 2 еднакви дела. Расукајте ги и додадете ги исечканите лешници. По 50 грама во двете половини.


Направете 2 црева долги околу 20 цм и поделете ги на половина да добиете 4 црева од кои всушност ќе ја сплетете погачата.


Пред да ја печете оставете ја да нарасне 40 минути. Печете половина час на 190 степени во загреана рерна.


Христос Воскресе.


За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ