Венко Филипче на гости кај Блаже Сапунџиев кој од Верица доби бубрег

„Тој уште од четири годишна возраст бил на дијализа заради проблеми со бубрезите, се до неговата девета година кога му е пресаден бубрег кој му го донира неговата мајка, Форка. За жал, на 18 годишна возраст, бубрегот откажува и Блаже мора да продолжи со дијализа. Дијализа прима уште десет години до својата 28 година. Во април годинава, Блаже добива нов пресаден бубрег од Верица, девојката која трагично настрада во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство спаси четири животи со донирање на нејзините органи“, истакна министерот Филипче.

Имено, Филипче на својот Фејсбук профил објави дека вчера во Кавадарци имал чест да ја слушне инспиративната животна приказна на младиот Блаже Сапунџиев.

Тој додава дека денеска Блаже живее живот без дијализа со своето прекрасно семејство благодарение на органодарителството и хуманоста на семејството на Верица.

„Во изминативе 15 месеци навистина постигнавме чудо во оваа област. Изведовме четири транспалнтации на срце, 12 бубрези и за прв пат се изведе транспантаација на коскено ткиво“, додава Филипче.