Донатела Версаче ја промовираше Версус колекцијата поради која многумина од возбуда нема да спијат.
Versus Versace есен-зима колекција за 2017-18 целно е наменета за младата клиентела, иста онаа публика која со нетрпение ја исчекува Zayn Malik x Versus Versace kapsul колекцијата. Ѕвезди на ревијата беа ултра популарните Бибе и Џиџи Хадид, а Донатела и нејзината ќерка Алегра дадоа сеопфатна визија на глам рок за мажи и жени за наредната есен-зима сезона.
Оваа колекција има силни мотиви на улична мода, што ја прави прифатлива и покажува дека не мора да се откажете од гламурот на дневно ниво. Во колекцијата доминираат темни нијанси на црна, бордо и циклама. Што се однесува до силуетата, во прашање се опуштени ноншалантни модели, посебно кога ќе ги погледнете тренерките со капи и џемпери. Забележливи се и гламурозните капути, ролки со пинк крзно, како и лажниот принт.
На сцената доминираа и фустаните од меки материјали со шлицеви по рабовите, како и бајкерските јакни. Целата колекција е надополнета со аксесоари во вид на модерна облека, предимензионирани и рачни ташни. Дел од аксесоарите се и популарните огрлици кои ќе се носат околу врат.