Верувања на кои нѐ учеа нашите баби: За да ве сака свекрвата, не оставајте го последниот залак леб

фото:unsplash

Нашите баби отсекогаш ни велеле дека нивните приказни сигурно ќе се остварат, па мора да ги почитуваме.
Според нив, ќе имаме добар брак, богатство и здравје само ако малку повеќе внимаваме на различните знаци што ни ги испраќа универзумот, а ние само треба да знаеме да ги читаме...

Суеверието е составен дел на секоја култура. Иако понекогаш постои страв во нас, останати се да ги негуваме како спомен на одамна заборавениот начин на размислување на нашите предци, без разлика дали верувате во нив или не.

Дури и денес, многумина веруваат дека кршењето огледало или отворањето чадор во затворен простор може да донесе несреќа.

Иако некои од овие суеверија се од други нации, македонската култура и традиција негува многу верувања.
Постојат многу „правила“ на кои нѐ научиле нашите мајки и баби, за тоа што можеме и што не можеме да правиме. Честопати како деца не ни знаевме зошто некои од овие правила се важни за нив.

Еве некои од верувањата на нашите баби, на кои нѐ учеле од мали:

- Ако јадете од тенџерето, ќе ви врне на свадбата.

- За да ве сака свекрвата, не оставајте го последниот залак леб.

- Внимавајте некој „да не ве измети со метла“ бидејќи тоа е знак дека никогаш нема да можете да најдете кавалер, туку ладен и скржав маж.

- Постои и тврдење за бременоста, па според бабите, се верува дека ако мажот се здебели за време на бременоста, ќе се роди девојче, а ако постојано паѓаат и се кршат чаши, ќе родите машко дете.

Ако седете на аголот од масата, бабите тврдат дека никогаш нема да се омажите.

- Бабите со векови раскажуваат дека некои луѓе го менуваат расположението за време на полна месечина, а не само луѓето, туку и животните.

-  Се верува дека оној што пее на маса ќе се ожени со „луда“ девојка, или жената ќе се омажи за „лудо“ момче.

- Мажите, пак, мораат брзо да пијат кафе, бидејќи кој пие ладно кафе, ќе се плаши од својата сопруга.

- Според друга „бабина деветина“, трошките од храна не фрлајте ги навечер, ќе ве следи несреќа.

извор:najzena

Верувања од нашите баби: Мажот и жената секогаш треба да спијат под исто ќебе, дури и ако се скарани