ВЕСНА БЕЈБИ ГИ ПОДУЧУВА ГЛУМА ДЕЦАТА ОД СОС СЕЛОТО: Сонцето грее еднакво за сите
Актeрката Весна Бејби Петрушевска вчера се дружеше со децата од СОС детското село во Скопје. Весна вели дека два пати во неделата има средба со тие деца кои ја инспирираат и и носат радост.
„ Работам со децата ,имаат часови по актерска игра веќе месец дена. Имам одлична соработка со првите луѓе на СОС детското село, јас сум од самите почетоци со нив, но неколку години од оправдани причини не се дружевме. Неверојатно е чувството кога имаш можност, љубов и грижа да работиш со овие деца. Тоа е континуирана посветеност и мотив. Срциња се“, изјави Весна за Женски магазин.
Работам со децата ,имаат часови по актерска игра веќе месец дена. Имам одлична соработка со првите луѓе на СОС детското село, јас сум од самите почетоци со нив
„ Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зар не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глупави? На Свети Кирил, денес со најмилите деца од СОС детско село“, напиша Весна на својот Фејсбук профил. Со неа, во селото често оди и ќерката Мина. По средбата со малите актери, Весна со семејството го прослави именденот на синот Кирил.
Актерката неодамна најави второ продолжение од нејзината автобиографска книга „Трофеј“, која ја промовираше при крајот на 2016 година.
„Време е за втор дел“, напиша Весна на својот фејсбук профил, откако објави дека нејзината издавачка куќа „Три“ го објави третиот тираж од првиот дел на „Трофеј“.
„ Трофеј значи живот ,приказна за љубовта која не одржува низ нашето патешествие. Неверојатно е чувството кога добивате безброј пораки во кои луѓето ви кажуваат како се поистоветиле, дека секој напишан збор кај нив предизвикал смеа, солза, радост и тага. „Трофеј“ само ме охрабри да раскажувам и понатаму, затоа е неизбежно да се напише вториот дел, пред се затоа што чувствувам потреба и е неверојатно чувството кога пишувате. Како цела армија на емоции да минува без вас, адреналин, несоница која ја сонувате. Да пишуваш е да постоиш . Поради сето ова ќе има „Трофеј 2“, ни изјави Весна.
М.Џаровска