Ѕвездите се поволни за еден знак, а друг ќе троши неконтролирано пари: Неделен хороскоп од 05 до 11 јуни
Неделниот хороскоп открива што велат ѕвездите кога се во прашање љубовта, работата и здравјето!
ОВЕН
Оваа недела хороскопот ви го носи редот на дождот и редот на сонцето кога е расположението во прашање. Почетокот на неделата ќе биде доста напната за вас, протуркајте и држете се настрана од стресните ситуации, бидејќи во втората половина од неделава можете да се опуштите со саканата личност. Слободниот Овен треба повеќе да работи на симпатијата. Вежбајте редовно и умерено!
БИК
Ѕвездите се во ваша корист неделава! Ќе бидете мотивирани повеќе од вообичаено, многу е можно некоја драга личност да влијаела на вашиот став. Во љубовта се оди според планот, не се занесувајте премногу со лажни ветувања, туку водете се од „дела, а не зборови“. Проверете ја крвната слика!
БЛИЗНАЦИ
Тешките денови се зад вас, сега е време да продолжите напред и да бидете скромни во вашите цели. Обидете се да ја контролирате вашата пријателска природа, многу е можно тоа да му пречи на вашиот партнер. Најдете заеднички компромис. Не ги одложувајте работите за утре, направете ги сега. Вежбајте повеќе!
РАК
На работ сте да им кажете на луѓето сè в лице, без да се воздржувате. Можно е некој да ве исфрли од синхронизација. Барајте механизми за одбрана и повлечете се пред конфликтот да прерасне во нешто поголемо. Внимавајте како и на што ги трошите парите. Зачувајте ги за поважни работи. Љубовта ви е на последно место, на партнерот му треба повеќе внимание.
ЛАВ
Неделавабидете трпеливи, на работа ве очекуваат дополнителни задачи. Клучот е здравата комуникација, има многу простор за стрес. Почестете се со нешто убаво во втората половина од неделава. Соберете ги вашите пријатели или поканете го вашиот значаен другар и уживајте во моменти без стрес. Можни се главоболки поради промената на времето!
ДЕВИЦА
Не заборавајте на роковите на работа. Телефонот ќе ви се „загрее“ неделава, па не брзајте за да не погрешите во информациите. Ве очекува прилив на пари, отплатете ги примарните обврски, а потоа почнете да трошите на себе. Водете се од рационално купување. Можни се болки во грбот поради седење. Движете се!