(ВИДЕО) 6-годишниот син ѝ го спаси животот: Олга ја влечеше огромно куче

Жената за жал ја загуби раката во ужасниот напад од куче


Шестгодишно момче од Русија го спаси животот на неговата мајка, откако почнал да бара помош кога ја нападнало огромно куче.
Исплашен, Матвеја го возел својот велосипед како ветер за да оди во локалната продавница каде викал за помош „спасете ја мајка ми, спасете ја мајка ми“.

За тоа време, Олга Босоногова (34) била нападната од овчарско куче, пренесува Мирор.
Неколку мажи истрчале да ја спасат вдовицата и, успеале да го избркаат кучето кое што ја влечело по земја во селото Ивановка, близу Москва.

Малиот Матвеја, најверојатно, ќе добие и награда за храброста што ѝ го спаси животот на неговата мајка реагирајќи брзо кога го видел крвавиот напад и ги слушнал нејзините очајни лелекања.

Олга ја загуби раката во нападот

- Пробав сè, но кучето беше толку силно, тоа ме влечеше насекаде. Докторот ми се извини и ми рече дека навистина се обидел да ми ја спаси раката, но ништо не можело да се стори - изјавила Олга од болничкиот кревет.


Лутите соседи повикале полиција да го сослуша сопственикот на кучето, велејќи дека тој му дозволил на животното да се шета наоколу, за да го плаши локалното население.
Олга е вдовица и мајка на две деца, а сега се плаши од тоа како ќе се грижи за нив, бидејќи ја изгуби раката.

Видео: Россия 24

Случајност или многу повеќе: Славица го сонувала кнез Лазар, па родила две деца на Видовден