(ВИДЕО) Андрија Милошевиќ на македонски им се обрати на фановите

Добивај вести на Viber

На интересен македонско-српски јазик, актерот Андрија Милошевиќ ја кани македонската публика да ја проследи неговата претстава „Златен ланец од бижутерија“, која ќе се одржи во МНТ во Скопје, во петок, на 22 март од 20 часот.

„Златен ланец од бижутерија“ е хит претстава во регионот со текст на Миодраг Мио Караџиќ.  Продуцент на претставата е Бата Караџиќ, а музиката е на Владимир Рацковиќ. Сценариото ја раскажува животната приказна на Констадин- Лале, 35 годишниот црногорец кој доаѓа во Белград полн со надежи и очекувања. Тој бара богата девојка да го издржува. Кога ќе ја најде, започнува авантурата.

Билетите за претставата која ја носи „КМК продукција“ се продават онлајн на страницата на МНТ и на билетарата на театарот. Погледнете го видеото: