(ВИДЕО) Благодарам за среќата што ја донесовте: Заев ја прими Тамара во Владата
Премиерот Зоран Заев ја прими Тамара Тодевска и комплетниот авторски и сценски тим по успехот на Евросонг 2019 и освоеното седмо место со најголем број на стекнати бодови од комисиското гласање. Шефот на Владата ја пофали пејачката и за силната порака во Израел дека девојките и жените се борат за остварување на своите права, пишува „Фактор“.
„Премиерот Заев на Тамара и на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи“, се вели во соопштението.
Евровизискиот тим се заблагодари за поддршката и истовремено ги пренесе своите впечатоци од настапот.