(ВИДЕО) Го украде шоуто танцувајќи: Преслатко видео од 3-годишната ќерка на Коби Брајант

Нема ништо како енергијата на дете за да го држи вашиот дух кренат и да ве насмее. Ванеса Брајант го сподели најслаткиот, смешен момент кога нејзината ќерка, Бијанка се појавува на видеото на нејзината голема сестра Наталија, на TikTok. Наталија и нејзините братучеди се снимаа како играат кога 3-годишната ги прекина со своите танцови потези.

Малата Бијанка скокна, облечена во маичка на Лејкерс и почна да танцува. 


После ова видео, толку е добро да се види како семејството повторно се смее.

Ова беше голем викенд за семејството. Ванса и второто дете со нејзиниот покоен сопруг Коби Брајант беа прогласени за почесен избор на 2020 од страна на WNBA во петокот, 17 април. Следниот ден ќе беше и 19-тата годишнина од свадбата на Коби и Ванеса, а нејзините деца и нејзините најблиски се погрижија денот да биде посебен, дури иако кошаркарската ѕвезда не е меѓунас за да слави со неа.


Ванеса Брајант се огласи: Само посакувам да можам да ги гушнам и да бидат тука засекогаш