(ВИДЕО) Хит серии за разонода и опуштање по напорен ден
Ви предлагаме неколку актуелни серии кои ќе може да ги гледате во паузите од работа, или доколку сакате да го „одморите“ мозкот.
The Royals
Нова серија на продукциската куќа Е! чија продавница е сместена во модерна Англија и го следи животот на кралското семејство, достигна голема гледаност и моментално се прикажува четвртата сезона. Автор на оваа серија е сценаристот познат по серијата Three Hill чија замисла била да се адаптира на романот Falling for Hamlet.
„Кралското семејство е убава комбинација на она што јавноста го гледа и она што никогаш нема да го види“. Власт, моќ, раскош, блуд, политика, љубовни афери, семејни проблеми- се на едно место.
Younger
Во 21 век годините се проблем за пронаоѓање работа и почнување нови почетоци - но не и за Лизи Милер, самохраната четириесетгодишна мајка која одлучува да го искористи тоа што луѓето мислат дека е на почетокот на 20-тите години?
Лизи го следи својот сон и наоѓа работа во издавачка куќа, каде станува најдобра пријателка со колешката која ја глуми Хилари Даф..
Дали споменавме дека има и ново момче, помладо од себе? Време е да фрлите поглед на оваа „млада асистентка“.
The Arrangement
Живееме во свет каде не е возможно без добра организација и планирање однапред да се постигнат сите животни планови.
Серијата The Arrangement го следи животот на познатите ѕвезди чиј живот е инспириран до детаљ, но што кога некои работи не одат како што е замислено и кога убава и згодна, налинк девојка од крајот, ќе освои ваков маж?
Дали кариерата, пријателството, љубовта и довербата ќе издржат непланирани и спонатни случувања?