(ВИДЕО) Марија Ичкова повторно ја допира публиката со нова песна

Добивај вести на Viber

Симпатичното девојче од Икс Фактор полека но сигурно гради име на македонската музичка сцена. Работлива и посветена цврсто си стои на ветувањето дека во наредниот период ќе слушаме повеќе за неа. Овој пат реши да ја разбуди пролетта со заразната „Пак да те допирам“ во соработка со нејзиниот тим од Мјузик Хаус. Бојан Трајковски (Ај Кју) и овојпат е целосен автор и продуцент на песната и во оваа прилика има да додаде:

- Со нетрпение чекав Марија Ичкова да ја испее оваа песна. Уште пред да се случи тоа знаев дека ќе биде полн погодок и дека ќе има огромен придонес да песната прозвучи толку конкретно и автентично. Марија ја има таа тајна состојка во гласот и е навистина пријатна за слушање. Драго ми е што веќе работиме на нови песни кои за скоро време ќе ја видат светлината на денот.

Марија додава:

- Можам да кажам дека најинтересно во овој период ми беше што после снимањето на песната постојано ми се вртеше во глава со денови. Обично тоа ми се случува со песни од други пејачи, а овој пат беше забавно да тоа биде мојот глас. Многу ме исполнува темпото на работа кое е интензивно, но не е напорно и кога ќе се добијат реакциите од публиката и поддршката од медиумите, се си добива смисла. За мене пролетта е дојдена, се надевам дека ја будам и кај вас.