Миленикот на женската публика, турскиот актер Бурак Оџивит, кој се прослави во серијата „Величенствениот“ стана татко. Неговата сопруга Фахрие Евџен, исто така популарна актерка, се породила порано од предвидениот термин во американска болница, но и мајката и детето се чувствуваат добро, информираат турските медиуми.
Бурак и Фахрие во брак се од јуни 2017 година.