(ВИДЕО) Пејачката Валери со емотивна изведба: Утеха најдов во музиката

Добивај вести на Viber

Пејачката Валери Димоска го сними својот прв кавер, на својата омилена песна од филмот „A star is born“ насловена како „Always remember us this way“.

Станува збор за многу талентирана девојка која беше дел од годинашниот евровизиски тим, каде беше придружен вокал.

Талентот на Димовска прв го препозна нашиот хитмејкер Димитров кој стави потпис на нејзиниот прв официјален сингл, темата „Не ти давам“ која беше промовирана пред две години. Со нашиот реномиран композитор и продуцент се запознала на промоцијата на последниот албум на Елена Ристеска.

Нејзините почетоци се поврзани со духовната музика. Голем верник е и подолг период настапувала со црковниот хор. „All I need is you Lord“ ѝ е омилената песна во која секогаш наоѓа мир и спокој.

Во една прилика отворено проговори и за животните предизвици.

- Секоја препрека ја поминав сама и научив како да се борам за она што го сакам. Утеха најдов во музиката. Ме прави среќна, ме исполнува и ми дава љубов – објасни Димовска.

Погледнете како звучи нејзиното последно музичко парче.