Култура // Настани
(ВИДЕО) РАСТЕМЕ ЗАЕДНО: Рефрен за подигнување на свеста за аутизмот
„Растеме заедно“ е новата песна, дел од кампањата за подигнување на свеста за аутизмот, прифаќање и инклузија на лицата со аутизам, која денеска беше промовирана со видеозапис.
Рефренот го интерпретираат група пејачи, меѓу кои се Кристина Арнаудова, Дани Димитровска, Пере од „Нокаут“, Мијата, Лилјана Атанасова-Лили, Пеце од „Суперхикс“, Ана и Горан трифуновски од „Пеперминт“, Бранислав Николов од „Фолтин“, оперската певица Весна Гиновска Илкова, Филипа Гелевска, Ева Ѓорѓеска и актерот Драган Спасов-Дац.
Автор на композицијата е Весна Малинова Бабамов, а аранжманот е дело на Дарко Тасев.