(ВИДЕО РЕЦЕПТ) Богат божиќeн колач: Се топи во уста!

Добивај вести на Viber

Ова прекрасно чудо од колач, ќе ја украси вашата божиќна трпеза, но и ќе го нахрани вашето семејство

Состојки:

80 гр суви кајсии

80 гр суви дуњи

80 гр суви јагоди

80 гр суви цреши

80 гр суво грозје

кора од лимон и портокал

морско оревче

сол

2 каранфили

50 гр шеќер

220 гр брашно

200 гр путер

екстракт од ванила

200 мл вода

2 јајца

10 гр прашок за пециво

100 гр ореви и лешници

Подготовка: Исечкајте го сувото овошје, ставете во сад, истурете вода, додадете путер и шеќер. Се вари 3-4 минути. Додадете јајца, брашно, ореви и зачини по вкус. Цимет, морско оревче, екстракт од ванила.

Додадете кора од лимон и портокал. Додадете брашно и прашок за пециво. Измешајте сè добро, истурете во плех обложен со хартија за печење.

Печете на 160 c - 60-70 минути. Истурете малку коњак или ликер по желба.