Викенд хороскоп: Близнаците да внимаваат кому веруваат, Водолиите мора да се покомпромисни
ОВЕН
Овој викенд не е претерано поволен за работа. Најдобро е да немате големи очекувања. Во љубовта можете да очекувате дека саканото лице ќе ви пружи стабилност и утеха во тешките моменти.
БИК
Размислувате за тоа да ја прекинете новата работа но не сте сосема сигурни што најмногу би ви се исплатело. Во љубовта ќе имате проблеми со љубоморниот партнер.
БЛИЗНАЦИ
Поволен викенд ако се занимавате со креативна работа. Во љубовта слободните ќе влезат во контакт со лице кое е многу мистериозно. Сепак не му верувајте се што ќе ви каже, внимавајте да не носи маска.
РАК
Пред вас е многу позитивен викенд на деловен план. Ќе обавите многу корисни работи. Во љубовта уживајте во романтичната атмосфера со саканото лице. Вашата врска е квалитетна.
ЛАВ
Не си дозволувајте нервозата да ве поремети. Важно е да останете прибрани. Во љубовта сте во потрага по личност која ќе ве покрене на сите нивоа, и интелектуално и емотивно.
ДЕВИЦА
Повикот со познаник со кој претходно сте соработувале би можел да ви го промени погледот на моменталната деловна состојба. Во љубовта можете да очекувате прилика за необврзувачка авантура или флерт.
ВАГА
Можно е да не сте баш блиску до остварување на сите свои цели но тоа не значи дека имате намера да се откажете. Ви се допаѓа личност која досега не се покажала како заинтересирана за вас. Не сте сигурни што да правите.
ШКОРПИЈА
Вашата креативност доаѓа до израз и можете да очекувате дека тоа на некој начин ќе ви се исплати денес. Во љубовта ве очекува интересно познанство. Ќе бидете во контакт со повеќе лица.
СТРЕЛЕЦ
Можно е да немате доволно доверба во својот деловен партнер и тоа ќе ви создава голема кочница на полето на работата. Во љубовта можете да сметате на подобрување на односите со саканото лице.
ЈАРЕЦ
Можно е викендов да не успеете да реализирате нешто што сте го замислиле. Во љубовта важно е со саканото лице да зборувате отворено за се што чувствувате.
ВОДОЛИЈА
Потрудете се мирно да прифатите некои компликации кои се појавиле и не паничете поради тоа. Во љубовта важно е да направите компромис со саканото лице.
РИБИ
Можно е сите соработници да не се искрени со вас. Обидете се да се потпрете само на најдоверливите. Со саканото лице ќе имате некои проблеми кои веќе неколку пати се повторуваат.