ВИКЕНД ХОРОСКОП: На овие два свети денови 3 знаци ги чека благослов од небото

Добивај вести на Viber

Овен

Не се нервирајте за нешта кои нема ништо добро да ви донесат. Наместо да се расправате со секого овој викенд, одете малце освежете се во природа, а може и до парк. Ви треба одмор. Чисти мисли. Некако периодов сте под константен стрес, недостиг на пари, на емоции, имате и страв од нешто... Дали сите овие нешта вредат за вашето здравје?

Бик

Оптеретени сте со сето она што ви се вртеше во глава изминатите денови. Некако сте депресивно расположени, без да имате насмевка на лицето. Како да очекувате постојано нешто. Е токму тоа нешто ќе ве изненади викендов. Нема да биде токму како што сакате вие, но ќе биде добар почеток за нешто убаво.Сепак, вие сте благословени овој викенд.

Близнаци

Ќе се чувствувате малку растревожено поради некое несогласување со партнерот. Без гајле. Време е да ги наполните батериите некаде заедно но и да си кажете слободно дека ви треба маку слобода. Оние кои имаат семејство постојано ќе бидат под стрес поради некој проблем кој ја засега целата фамилија, а оние кои се сами викендов ги чека изненадување. Токму тие ќе бидат благословени викендов.

Рак

Вашиот социјален живот полека опаѓа. Потрудете се да бидете што покомуникативни и пољубезни за да запознаете нови, интересни луѓе. Сосема се затворивте поради коронакризата, но тоа не значи дека не треба да излезете, да шетате, па и да се дружите... на дистанца. Ве мачат и депресивни моменти, но нема потреба да се мачите со мисли кои немаат никакво значење.

Лав

Ова би можело да биде напорен викенд ако себе си премногу се оптеретувате со невозможни работи за кои сте сигурни дека немаат перспектива. Ќе добиете повик од повеќе страни во врска со работа и тоа ќе ви ги промени плановите. Станува збор за финансии.Ќе ви годи и прошетка. Сте се затвориле во себе како да сте блиндирана врата.

Девица

Чувајте се од луѓе кои не ви мислат добро. Знаете кои се. Токму овој викенд ќе дознаете нешто кое ќе ве изнади но ќе ви ги отвори очите. Би било добро да не полимизирате премногу, туку вашата енергија да ја насочите кон сосема други нешта. На пример, да уживате со партнерот, со семејствто, сами во природа.

Вага

Скоро секој викенд ви паѓа тешко. Како да не знаете да си ја распоредите енергијата. Познати сте по многу работа, но треба да сте свесни дека одмор е потребен. Затоа, ви се спрема едно изненадување од финансиска пророда кое ќе ве освежи до максимум. Внимавајте перидов на настинки и алергии, мислите дека не сте алергични, ама тоа е променливо.

Шкорпија

Паричната ситуација не ви се менува и поради тоа го покажувате вашето незадоволство. Цел викенд ќе мислите само на пари. Ништо паметно нема да смислите. Наместо тоа, одете некаде да се „издувате“. Парите доаѓаат и си одат, душевниот мир не е лесно да го постигнете. Поседувате голема доза на издржливост и трпеливост и тоа е вашата сила.

Стрелец

Премногу ве исцрпува лошата ситуација во домот или на работа. Вашите обиди да ја истерате правдата и на некој нешто да му докажете можат да ве доведе до непријатна ситуација. Имате тенденција максимално да го затегнете односот со партнерот. Каде ве води сево ова? Наместо во депресија, викендов нека ве води надвор. Не е секој ден создаден за убавини, ама направете да биде убав.

Јарец

Искористете го сплетот на позитивни околности и направете нешто што одамна сте планирале или сакале. Сакате од поодамна да одите некаде да се релаксирате, па токму вој викенд е како создаден за тоа. Благословени сте овој викенд. Во љубовта сте малку незаинтересирани и ладни, што може лошо да се одрази на вашиот однос со партнерот. Поведете малку повеќе сметка за здравјето.

Водолија

Поседувате способност да управувате со други лица. Но тоа никако немојте да го користите за време на викендот и сите да ги изнервирате. Погледнете пред себе и речете си дека дури и самите на себе сте си се здосадиле. Излезете, шетајте, бидете насмеани. Колку позитивна енергија ќе имате, толку среќа и ќе имате.

Риби

Ризикувате да изгубите многу нешта поради вашата тврдоглавост. Дали и за викенд ќе покажувате „рогови“? Да, депресивни сте, ве мачат финансиски состојби, ве мачи љубовта и непочитувањето, но вие сте самите двигател на својот живот. Дали е време за промени? Одамна си го велите и вие тоа, ама никако да превземете чекори. Ајде сега!!!