ВИКЕНД ХОРОСКОП: На три знаци ќе им се насмевне посебна среќа

ОВЕН

Полека влегувате во динамична фаза кога љубовните прилики ќе ве изненадат. На работното место, за некои претставници следува унапредување. Внимавајте на здравјето.

БИК

Подобрувањето ќе ве охрабри повеќе да излегувате, па оние што се сами ќе почнат да се додворуваат. Ќе пробувате разни опции на работење кои може да ви донесат заработувачка.

БЛИЗНАЦИ 

Насочете се кон она што го сакате вие, а не на она што од вас го очекуваат. Оние што бараат работа може да бидат повикани на разговор кој ветува. 

РАК

Ова се денови кога повеќето од вас ќе евоцираат спомени, ќе се навраќате на некои стари љубови. Ако треба некого да придобиете многу е веројатно дека во тоа ќе успеете повеќе одошто сте очекувале. 

ЛАВ

Внимавајте на настинки. На работното место нема да има никаква промена. Можеби треба да почнете да размислувате попрактично, можеби и да аплицирате за некоја обука од вашата област.

ДЕВИЦА

Ако сѐ уште сте сами, немојте да седите дома. Оние што се во врска ќе бидат исполнети. Некои колеги ќе ви се чудат затоа што не се навикнати да ве видат во такво издание. 

ВАГА

Оние што сè уште сами ќе бараат исклучиво личност од соништата. Сè повеќе сте подготвени јасно и гласно да го изразите својот став, а ако се согласува некој со него вие ќе изнесете и аргументи.

ШКОРПИЈА

Иако многу промени се случуваа на полето на љубовта, време е за поголеми промени во вашиот живот. Потребен ви е свеж воздух. Излезете со пријателите.

СТРЕЛЕЦ

Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршката и разбирањето од другите. Ако сте слободни приликите за нова врска се поволни.

ЈАРЕЦ

Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. 

ВОДОЛИЈА

Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. 

РИБИ

Долго не сте биле под ваков притисок на полето на работата. Бидете трпеливи. Во љубовта ви оди добро, всушност и подобро одошто се надевавте.