Викенд хороскоп: Овој викенд ќе биде погоден за неколку знаци, посебно за Скорпијата

Добивај вести на Viber

Овен

Некоја деловна понуда многу ќе ве заинтересира, но одлуката ќе биде тешка. Енергијата ви е на ниско ниво, па затоа ве советуваме да не се напрегате премногу. Материјалната состојба нема да ве загрижува. Во љубовта бидете потолерантни ако сакате да ја сочувате.

Бик

Ве советуваме да бидете што поотворени кон другите луѓе, особено кон оние кои многу ви се важни. Ако нешто не ве остава на мир или поради нешто сте нерасположени, сега е вистински момент да промените нешто. Ова е одличен викенд за проучување и самоанализа.

Близнаци

Би било идеално ако можете денеска потполно да се посветите на работниот живот. Морате да заборавите на сѐ што ве измачува и потполно да ѝ се посветите на работата. Иако на почеток нема да видите резултати, сепак издржете и не се разочарувајте.

Рак

Некои работи ќе ве прават доста немирни и ќе ви создаваат фрустрации, но ќе имате и причини за задоволство. Ќе имате добри контакти со важни луѓе, а некои ќе се обидат да ви помогнат, па затоа е многу важно да можете да ги препознаете добрите намери.

Лав

Извршувањето на работните задачи ќе ви одземе поголем дел од викендот, а слободно време ќе имате малку. Побарајте помош ако ви е потребна. Односите со партнерот ви се на добро ниво, особено ако е личност родена во вашиот знак.

Девица

Ќе имате многу контакти, средби и сето тоа целосно ќе делува врз вашето расположение. Ќе имате можност за некоја промена што со задоволство ќе ја прифатите надевајќи се на поголема заработувачка. И нема да згрешите.

Вага

Ќе ви излезат некои непланирани работи на професионален план. Тоа од вас ќе бара многу енергија и трпение. Но не очајувајте, ве очекува награда од претпоставените. Можни се некои помали финансиски издатоци. Што се однесува до љубовта се е во најдобар ред.

Скорпија

Ве очекува разврска на емотивното поле. Викендов е добар и за нови почетоци во љубовта, па соберете храброст и пријдете и на личноста која ве привлекува. Што се однесува до деловното поле тука постои можност за потпишување на договори, трговски зделки или пак можеби некое пократко патување.

Стрелец

Можностите за деловен успех и професионален напредок денес ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате.

Јарец

Во кариерата ви нараснуваат проблемите. Доаѓате до една таква состојба во која не ќе можете да излезете на крај со обврските. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто.

Водолија

Контактите ви се подобруваат особено со соработниците и претпоставените. Секако дека треба да е присутна извесна доза на претпазливост. Ве очекуваат некои промени во блиската околина. Прифатете се иако не ви се допаѓа - нема да зажалите.

Риби

Внимавајте како се однесувате со блиските личности, и како се изразувате. Овој викенд посветете го да се одморите без да работите тешки работи. Во љубовта бидете толерантни