ВИКЕНД ХОРОСКОП: Романтики и љубов за еден знак
Стрелец
За време на викендот ве советуваме добро да ги процените своите можности и услови кои ви стојат на располагање. Во љубовниот дијалог, мудро му ја препуштате доминацијата на партнерот или впечаток дека го има „главниот збор“.
Јарец
Потрудете се да бидете ангазирани на различни страни. Важно ви е на семејството и саканата личност да им подарите повеќе радост. Понекогаш е тешко да ги вклопите различните интереси и афинитети, но во име на заедничката среќа се е можно. Препуштете се на своите чувства и емотивна инспирација.
Водолија
Кога се наоѓате во проблематична ситуација препуштете им на другите да ја покренат иницијативата. Доколку чувствувате емотивна несигурност, доволно е да го привлечете вниманието на саканите личности на начин кој одоговора на заедничките вкусови и афинитети. Секој има своја „слаба точка“, размислете на кој начин треба да го анимирате партнерот.
Риби
Пред вас е тешка недела, но имајте предвид дека долгорочниот успех подразбира правилна проценка на вредностите и почитување на заедничките одлуки. Во љубовниот живот, викендов ќе уживате во романтика со партнерот.