Викенд хороскоп: Само три знаци ќе доживеат крај на маките, барем за кратко

Добивај вести на Viber

ОВЕН

Викендот ќе ви донесе интересна средба со интересна личност која ќе биде од клучно значење идниов период. Не може да очекувате нешто од другите што ни вие самите не сте во можност да го направите. Без оглед на тоа, кога сте вие во прашање, сметате дека треба да ви излезат пресрет. 

БИК

Организирајте средба за која одамна размислувате, бидејќи сега кога имате слободно време и денови, вие повторно ќе ги поминете дома. Со самото тоа нема да ви се случи ништо посебно и тоа би можело да ви создаде нервоза. Договорете некоја попладневна средба.

БЛИЗНАЦИ

Викендот ќе ви донесе дота промени. Она што е поважно од тоа е дека ќе се чувствувате добро, бидејќи конечно во својата глава ги решивте работите кои ве кршеа. Најдобро е да прифатите дека некои работи не може да влијаете.

РАК

Викендот ќе ви донесе случувања кои воопшто не ги очекувавте. Некој ќе ви изјави љубов и ќе ви го признае она што го чувствува кон вас. Во прв момент ќе бидете шокирани, бидејќи не би се надевале на вакво нешто од таа личност. Доколку сте слободни, препуштете се.

ЛАВ

Викендот би можел да биде турбулентен, кога се во прашање љубовните односи. Не впуштајте се и оддалечете се од непотребни расправии кои би можеле да ви создадат главоболки. Посветете се на себе и своето хоби, како и на обврските кои ги немате завршено во текот на неделата.

ДЕВИЦА

Ѕвездите имаат нагласување на љубовта, што значи дека ќе поминете убави денови и моменти со саканата личност. Тоа е она што најчесто и ви недостасува, бидејќи поради многуте обврски, немате често такви моменти. Уживајте.

ВАГА

Викендот ќе ги исполни вашите очекувања. Секако позитивните. Ве чека убав викенд и дружба со вашите драги луѓе и секако саканата личност. Ќе имате доволно време и за одмор. Ништо неочекувано не би требало да се случи.

ШКОРПИЈА

Имате збрка во главата и не знаете за што попрво да размислувате и од кој проблем да почнете за да го решите. Едноставно окупирајте се со нешто што ве прави среќни и нешто што ќе направи накратко да заборавите на сите маки. Некое хоби, добар филм, некоја онлајн игра или едноставно прошетка.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат големи промени. Викендот ќе ви помине во завршување на обврските, кои не сте успеале да ги завршите во текот на неделата. Време за некои други активности или дружење ќе немате. Доцните часови ќе ги поминете со вашиот партнер.

ЈАРЕЦ

Би требало ова да биде еден убав викенд, поминат во друштво на една личност која ви подарува многу внимание. Деновите ќе ви поминат онака како што ќе сакате, а ве очекуваат и некои промени во љубовта. Тоа ќе ви годи.

ВОДОЛИЈА

Викендот би можел да ви донесе и ситуации во кои ќе треба да им се посветите на личности кои немаат големо значење во вашиот живот. Но, најпрвин посветете се на себе, своите желби и потреби, а најмногу на одморот. Сите ви се поважни, но треба да се ставите вие на прво место. 

РИБИ

Обидете се да најдете некој кој ќе направи да почувствувате големо олеснување. Викендот нема да поминете во некое предобро расположение, бидејќи постојат работи кои ве мачат и за кои нема со кој да зборувате. Можеби ќе наидете на разбирање и добар совет.