ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„Ајде води ме“ (Владо Јаневски)


Оригиналната верзија ја сними пред десет години на српски јазик во дует со Тијана Дапчевиќ. Текстот е негово дело, музиката ја напиша Момчило Бајагиќ-Бајага, снимател и продуцент е Валентино Скендеровски, а аранжманот е на Никша Братош. Во 2016 години Јаневски песната ја препеа на македонски и ја освежи со нова видеоприказна реализирана во соработка со „Томато продукција“

- „Ајде води ме“ е доказ дека летна весела нумера може одлично да звучи и на македонски. Можеме да пееме, плачеме и да се радуваме на мајчин јазик. Имаме европски спот и нема да се посрамотиме каде и да се емитува. Видеото е доказ дека убавината може да допре и без холивудска пластика која ни се сервира секојдневно и затоа ѝ благодарам на Ана Коцева која ја толкува главната улога. Како и обично ме нема и во овој спот. И тоа е најмалку важно. Многу мои песни дури и немале видеозаписи, а биле хитови – порача Владо на промоцијата.