ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?
Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов
„Слободна песна“ (Дани)
Хит од актуелниот албум на популарната пејачка насловен „Град за љубов“. Музиката и текстот се на ВеснаМалиноваБабамова, а песната е снимена во студиото на Деан Момировски. Свират Ѓорѓи Трпковски (гитари), Марио Станковиќ (бас),ГишоДинев (тапани) и БранкоСапламаев(клавијатури). Дани во едно интервју изјави дека рефренот на некој начин е повик за слобода и своевиден крик за дискриминацијата по разни основи.
- Пораката на новата песна есебе ослободувањето. Да се сакаме самите, да ја живееме суштината на тоа што вистински сме - љубов, мир, вистина, слобода. Слободна е песната на срцето. Да ја пееме, да ја искажеме таква каква што е. Затоа стиховите се „Слободна песна за слободен човек. Слободен човек за слободен свет“ – појасни Димитровска.