ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?
Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов
„Кажи ДА“ (Слаткаристика)
Композитор и продуцент на овој рефрен е Иван Јованов, а наменските стихови Марко Маринковиќ-Слаткар ги напишал пред да ја запроси сопругата, поранешната манекенка Сања Николиќ.
- Некој знае и умее да се изрази со збор. Мојот начин е преку текст и музика. „Кажи ДА“ ја создадов со полно срце и е посветена на сите заљубени, за сите идни кажани „ДА“ - порача популарниот музичар по промоцијата на спотот во кој се документирани највпечатливите моменти од неговата свадба.