ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов.

„Учам од најдобриот“ (Магдалена Цветковска)

Пејачката од поранешниот женски состав „Форплеј“ и нејзиниот брат, композиторот и продуцент Лазар Цветковски се наметнаа како еден од најангажираните креативни тандеми на домашната сцена. Барем една нивна тема досега имаат отпеано речиси сите звучни имиња на македонската естрада.

„Учам од најдобриот“ е нумерата со која Ена остави најсилен впечаток откако продолжи да ја гради кариерата како соло-пејачка.

– Текстот го напишав во еден здив. Не е посветена никому. Едноставно во животот сум учела секогаш од најдобрите, без разлика дали станува збор за музичари или пак момчиња–откри Цветковска во едно интервју.

https://www.youtube.com/watch?v=Ws_tauPbsLU