ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„Убава“ (Ај Кју)


Тема со која нашите годинашни евровизиски претставници пред три години победија на „Скопски фестивал“. Композицијата е заедничко дело на Кристина Арнаудова и Бојан Трајковски, а на аранжманот се потпишува и Дамјан Темков. Песната е создадена три месеци пред одржувањето на фестивалот.

- Кога ќе се споиме со Бојан, може толку многу да ни се смени перцепцијата за нумерата, што на крај од траорна балада да излезе позитивен рефрен кој те тера да заиграш. Тоа е таа енергија, весела, која мене во музиката ми фали, а Бојан ја има, и така компензираме–раскажа Арнаудова во една прилика.