ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанaле македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов

„Мики Ли“ (Суперхикс)


Песната е дел од актуелниот албум на групата, Underground evergreens. По големиот успех на темата „Раде“ посветена на актерот Раде Рогожаров, популарниот македонски бенд сними уште еден рефрен со посвета. Протагонистот кој го опејуваат е повторно штипјанец. Станува збор за Мики Ли Трајчевски, според нив, единствениот суперхерој во Македонија, човекот познат како интергалактички посредник помеѓу штипјаните и вонземјаните. Мики живее водејќи се по идеологијата на Брус Ли и нaводно зборува неколку светски јазици. Доколку сè уште не сте слушнале за него, погледнете го краткиот филм „(Вон)земјанинот Ли“ на Сашко Потер Мицевски.