Викенд интермецо: Приказната за „Дупла вотка“ на Дарио
Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов
„ДУПЛА ВОТКА“ (ДАРИО ПАНКОВСКИ)
Овој
рефрен е оригинално снимен пред повеќе од две децении. Дарио е и автор на
музиката, а стиховите се дело на Тоше Поп Симонов.
- Имав напишано еден текст за оваа тема кој беше прилично социјален. Тоше ми го фрли листот и за два часа напиша нов со наслов „Дупла ‘жта“. Му реков дека нема шанси да ја пеам со таков наслов, не ми личи мене тоа. Два дена размислувавме. Виски некако не одеше, бидејќи во тоа време го пиеја само одредени луѓе и не сакавме да биде нешто надмено. Ж'та ми беше многу кафански и на крај ја одбравме идеалната комбинација. Вотка пие секој и ја има за сечиј вкус и џеб – откри Дарио.