Викторија Бекам и Цеца имаат сличен вкус: Двете носат чанта поскапа од 50 000 евра (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Регионалната ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на популарното натпреварување Ѕвездите на Гранд.


Цеца Ражнатовиќ и овој пат го привлече вниманието на себе со својот стајлинг. Таа носеше кожени панталони, сина јакна со светки и црна маица со прерамки. 



Навикнати сме пејачката да се облекува одмерено и без многу експерименти, а овој стајлинг го заокружи со уникатен додаток, кој не може секоја жена во Србија да си го дозволи.



Она што најмногу привлече внимание е всушност чантата на Цеца. Имено, фолкерката носеше чанта од познатиот бренд Хермес, направена од крокодилска кожа, а цената на овој додаток е повеќе од 50.000 евра колку што чини стан во Белград.



За оние кои не знаат, оваа чанта важи за најлуксузната во светот и е достапна само за ВИП клиенти. Цената достигнува и до половина милион евра, доколку го сакате најпрестижниот модел на Hermès Himalaya Birkin.


Познатите светски ѕвезди кои го негуваат својот стил и носат престижни работи, го сакаат овој бренд, па Викторија Бекам има ист вкус како Цеца и ја има оваа чанта во гардеробата.


Во што е тајната на овие чанти и зошто се толку скапи?

Биркин чантите се произведуваат во Франција, од класи со врвен квалитет, како телешка кожа, алигатор, па дури и кожа од ној. Секоја од нив е рачно изработена, а мајсторите главно имаат завршено париско кожно училиште Ecole Gregoire - Ferrandi и користат алатки стари околу 150 години. Изработката обично трае од три до четири дена, а еден занаетчија може да направи најмногу четири чанти за Хермес. Оние кои користат крокодилска кожа мора да имаат најмалку пет години искуство со работа на помалку луксузни модели.


Фото: Инстаграм/Пинтрест