Викторија Лоба запеа на сопствената свадба: Облече две венчаници во кои изгледаше како божица (ФОТО)

На крајот на август, Викторија Лоба и нејзиниот сега сопруг, Ѓорги љубовта ја крунисаа со брак и на вечност пред Бог се заколнаа во црквата Свети Јован Канео во Охрид, а викендов по црковната венчаква, направија и свадбена забава во Скопје.

Веселбата се одржала во скопски познат хотел, а пејачката блесна во две венчаници.


Првата венчаница беше невестински фустан со тесен крој кој ја истакнуваше нејзината витка фигура, додека вториот фустан беше мини варијанта со пуф широки ракави.



Пејачката се одлучила за пуштена коса со бранови, и минималистичка шминка.

Лоба и Ѓорѓи свадбената веселба ја отвориле со танц на песната All of me од Џон Леџенд. За да биде веселбата уште повесела, во еден миг и самата пејачка се фатила за микрофонот и запеала.


Големиот ден Лоба, го најави на инстаграм приказна облечена во свилена наметка како се подготвува за фризура и шминка.


Преубави детали од венчавката на Викторија Лоба: Како холивудски настан, одбрани гости и езерото на дланка