Виршли, сокчиња за деца, сладоледи, ѓумбир во прав и путер се продавале небезбедни: Еве што се повлекла АХВ од продажба
Виршли, сокчиња за деца, суви смокви, сладоледи, ѓумбир во прав, путер, минерална вода со додатоци и адитиви за пекарската индустрија, се само некои од производите коишто минатата година биле повлечени од домашниот пазар како небезбедни.
Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во јануари годинава нема уништена или вратена увезена храна поради небезбедност. Извршени се 4 808 инспекциски надзори од кои редовни 2 474, контролни 306 и вонредни 2 028. Исконтролирани се 3 269 пратки на увезена храна од неживотинско потекло. Вкупно се изречени 369 инспекциски мерки од кои три прекршочни пријави, 312 решенија, 27 едукации и исто толку покани за порамнување со прекршочен платен налог. Спроведени се и 1.094 контроли за пратки од увоз и 322 за пратки во транзит.
Повеќе за информацијата на Фактор.