ВИРУСОТ КОЈ МОМЕНТАЛНО ЦИРКУЛИРА ПРЕДИЗВИКУВА ТРАЈНА СЛАБОСТ, НО И НЕШТО МНОГУ ПОЛОШО: Инфектологот Делиќ, „може да повраќате крв“

Еден од вирусите што моментално циркулира е денга вирус. За овој вирус за телевизијата Курир детално зборуваше проф. д-р Драган Делиќ.

- Најпрво да ви кажам дека во овој момент на врата ни тропаат најмалку три вируси. Меѓу нив секако е и вирусот Денга, но тука е и Чикунгуња и вирусот Зика. Денга вирусот најмногу опстојува во Индокина, во Кина, во суб-сахарска Африка, во Саудиска Арабија, на Карибите, во Централна Америка, во Јужна Америка. Многу често е присуттен, има и епидемии од овој вирус и 50 милиони луѓе заболуваат од денга треска во текот на годината. Ендемичен е во тие региони, бидејќи му одговара повисока температура. И ова глобално затоплување на некој начин ќе им одговара првенствено на инсектите и членконогите, а скоро 20 отсто од заразните болести всушност се пренесуваат од инсекти, пред се мислам на комарците. Овде, инфекцијата со вирусот Денга се пренесува преку комарец. 

Подетално читајте на Фактор тука.