Вирусот посебно напаѓа еден орган врз кој остава кобни последици: Шокантна студија за ковид-19
Вирусот Ковид-19 го напаѓа секој различно, видовме во голем број различни примери.
Научници од германска клиника и холандски експерти од Медицинскиот центар на Универзитетот Радбауд открија дека вирусот SARS-CoVa-2 ги инфицира бубрезите, што доведува до трајно оштетување на ткивото, се вели во студијата објавена во списанието Cell Stem Cell. Direct. Ова истражување покажа дека ваквата последица може сериозно да го комплицира здравјето на луѓето, а може да предизвика и трајно оштетување на бубрезите.
Во оваа студија учествувале 62 луѓе чии бубрежни ткива биле подложени на биопсија. После тоа било утврдено дека бубрежното ткиво на заболените од коронавирус има неколку лузни, што ги навело научниците до заклучок дека вирусот некако стигнува до бубрезите - поради што направиле уште едно дополнително истражување.
Научниците одгледувале мини бубрези во лабораторија (ги нарекувале органоиди) и ги заразиле со коронавирус, за да видат што се случува во клетките на вештачки формираните бубрези. Откриле дека причината за лузните, кои ги забележале кај пациенти заразени со корона вирусот, бил самиот вирус, а не други фактори, пишува „нет.хр“.
Ова истражување е голем чекор напред во научните кругови кои работат на што подобро „запознавање“ на овој опасен вирус.
Foto: Freepik.com
Izvor:srbijadanas.rs