Високите нивоа на Д3 витаминот придонесуваат ковид-19 да биде со полесна клиничка слика
Британски „Гардијан“ наведува низа студии поврзани со значењето на витаминот Д3 во борбата против корона вирусот, односно инфицирањето со Ковид-19.
Во обемната статија пишува дека овој суплемет има централна улога во зајакнување на имунитетот, што понатаму придонесува заболувањето да се помине многу полесно, односно со лесна до средно тешка клиничка слика.
Во март лани, кога почнаа да се зголемуваат смртните случаи од корона вирусот во Велика Британија, две болници во североисточна Англија започнаа го следат нивото навитамин Д од пациентите и да препишуваат екстремно високи дози од овој суплемент. Студиите сугерираат дека имањето доволно ниво на витамин Д, што се создава во долните слоеви на кожата преку апсорпција на сончева светлина, игра централна улога во имунолошката и метаболичката функција и го намалува ризикот од одредени респираторни заболувања. Но, заклучоците беа оспорени и не постоеше официјално упатство. Кога ендокринолошкото и респираторното оддленеие во болницата на во фондацијата NHS во болницата Њукасл им дадоа неформална препорака на своите лекари да препишуваат витамин Д, одлуката се сметаше за невообичаена.
-Нашиот став беше дека овој третман е толку безбеден и кризата е толку огромна што немаме време да дебатираме“, рече д-р Ричард Квинтон, ендокринолог во таа здравствена установа во Њукасл.
Наскоро клиничарите и ендокринолозите ширум светот започнаа расправии за тоа дали доволно ниво на витамин Д може позитивно да влијае на стапката на смртност поврзана со корона вирусот. Некои сметаа дека суплементот е ефикасен третман кој ни е пред очи, други сметаа дека тоа е губење време. Во болницата во Њукасла следеа бројни истражувања. На пациентите кои имале недостаток на витамин Д им биле дадени екстремно високи орални дози, честопати до 750 пати поголеми од дневната препорачана доза од јавното здравство на Англија. Од првите 134 пациенти со корона вирус, на кои им бил даден витамин Д, 94 биле отпуштени, 24 сè уште биле на болничка нега, а 16 починале. Клиничарите не ги поврзуваат јасно нивоата на витамин Д со вкупната стапка на смртност, но само тројца пациенти со високо ниво на овој витамин починаа, и сите беа изнемоштени и на возраст од 90 години.
Во едно писмо, Британското здружение на лекари со индиско потекло ги советуваше своите членови да го земаат суплементот, иако не беше направена официјална политика.
„Ние веруваме дека недостаток на витамин Д3 е главен фактор на ризик за тешка инфекција со корона вирус, за што има собрани докази“, се вели во писмото.
По ова, ако претходно се советуваше да се земаат само мали дози витамин Д3 во зима, сега се препорачува витаминот Д3 да се пие во текот на целата година. Но, во Англија не се спроведе информативна кампања за да се информира јавноста за прромена на ставот на научниците и лекарите, па поголемиот дел од луѓето останаа несвесни за потенцијалниот ефект на витаминот Д3.
Француска експериментална студија во дом за стари лица со 66 лица сугерираше дека земањето редовни додатоци на витамин Д е „поврзано со помалку сериозен Covid-19 и подобра стапка на преживување“. Студија направена на 200 луѓе во Јужна Кореја сугерираше дека недостаток на витамин Д може „да ја намали имунолошката одбрана против Ковид-19 и да предизвика прогресија на тешка болест“.
Друго истражување, во Општата болница во Сингапур, објавено во списанието Исхрана, открило дека лекувањето на пациенти со комбинација на витамин Д, магнезиум и витамин Б12 е поврзано со „значително намалување“ на најлошите резултати при заболувањето од Ковид-19, наведува угледниот Гардијан.
Целата статија на следниот линк